ВО ИТАЛИЈА РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАРАЗЕНИ ОД МАЈ

Италија забележа најголемо зголемување на бројот на заразени со коронавирус на дневна основа од мај, бидејќи во изминатите 24 часа се регистрирани 1.462 нови случаи.

loading...

Министерството за здравство соопшти дека најголем број на пациенти – 316 се од Ломбардија, регионот кој беше најтешко погоден од пандемијата во Италија.

Во земјата досега вкупно 265.409 лица се разболеле од Ковид-19. Девет лица починале во последните 24 часа како резултат на коронавирус.Досега се регистрирани над 35 илјади смртни случаи.


loading...