|

ВО ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ВО БОГОВИЊЕ И ЖЕРОВЈАНЕ ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ДРОГА

Во две полициски акции во тетовско, спроведени ноќеска после полноќ, приведени се две лица кај кои се пронајдени наркотични супстанции.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 21.08.2019 околу 00.30 часот во тетовското село Боговиње полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода М.И.(24) од истото село. При преглед кај него била пронајдена марихуана. М.И. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

На 21.08.2019 околу 02.15 часот во близина на бензинска пумпа во тетовското село Жеровјане полициски службеници од слобода го лишиле Д.Ш.(33) од с.Неготино. При преглед кај него бил пронајден кокаин. По целосно расчистување на случајот, против Д.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Слични Објави