Во пожар целосно изгоре сендвичара во Охрид

/

Во пожар попладнево целосно изгоре угостителски објект во централното градско подрачје на Охрид.

Станува збор за сендвичара „Вили”, што се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Градски полигон за мали спортови.

Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен.



Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета.

Извор: sitel.com.mk

Претходна статија

Од 1-ви септември за влез во Македонија ќе бидат потребни потврди за вакцинација, прележан ковид или негативен ПЦР тест

Следна статија

Вчерашниот дожд не ги изгасна, се уште активни три пожари

Најново од Вести