ВО РИМ ОСАМЕНИ ТУРИСТКИ АНГАЖИРААТ МОМЧИЊА ЗА СЕЛФИ

Американска туристичка компанија им нуди на своите клиентки да ангажираат убаво младо момче за да се слика заедно со нив на нивните фотографии за време на патувањето во Рим. Момчињата се модели но и професионални фотографи, што гарантира квалитет на фотографиите. Цената на тричасовна фотосесија е 350 евра. Дамите можат да си дозволат романтично селфи меѓу знаменитостите на италијанската престолнина. Во зависност од популарноста на местата, цената може да достигне и до 750 евра.

Ангажирање на момче за на Инстаграм е дополнителна услуга. Компанијата посочува дека „вештачкото“ момче во некои случаи е подобро од „вистинското“, бидејќи не се жали и е целосно достапно на неговата „девојка“. Компанијата планира да ја прошири услугата и за во други градови низ Италија.

Слични Објави