ВО СКОПЈЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 10 НОВИ ПАЦИЕНТИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 243 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало 4 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија – 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.