| |

ВО СКОПЈЕ КАЗНЕТИ 268 ВОЗАЧИ, 12 ОД НИВ ПОМИНАЛЕ НА ЦРВЕНО

Во Скопје вчера се казнети 268 возачи во рамките на засилените акциски контроли во сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.

Од изречените 268 казни, 36 се за возење без возачка дозвола, 28 за нерегистрирани возила, 16 за возење под дејство на алкохол, 12 за незастанување на затворен семафор (црвено светло), 21 за некористење на сигурносен појас, а изречени се и 54 мерки за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.



Слични Објави