ВО СЛОВЕНИЈА РЕГИСТРИРАНИ ЧЕТВОРИЦА НОВОЗАРАЗЕНИ

/

Националниот институт за јавно здравје на Словенија соопшти дека вчера во земјата се направени 1.176 нови тестирања за коронавирусот, од кои четири биле позитивни, јави дописникот на МИА од Љубљана, пренесува Плусинфо.

Според Институтот, намалување има на бројот на хоспитализираните лица, па така во болниците низ земјата моментално се лекуваат 43 пациенти, од кои само десет се на одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа од болница се отпуштени три лица, а едно почина како последица од ковид-19.



Од почетокот на епидемијата во Словенија животот го изгубија вкупно 101 лице.

Претходна статија

БРНС НА ИСТА ЛИНИЈА СО ПАРТИИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ

Следна статија

НОВИ 36 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАТА-ПРВ ЗАРАЗЕН ВО БЕРОВО

Најново од Вести