Во справување со пожарите утре доаѓа и хеликоптер од Црна Гора

/

Црна Гора утре ќе испрати хеликоптер за Македонија, кој ќе учествува во справувањето со пожарите. Ова го напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“.

Станува збор за хеликоптер од типот Bell 412.



„Утре наутро во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412. Благодарност до колешката Оливера Ињац! #НиеСмеНАТО#ЗаедноПосилни“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Претходна статија

Утре се отвораат четири нови пункта за ковид вакцинација во Скопје

Следна статија

Австриски пожарникар хоспитализиран на клиниката во Скопје

Најново од Вести