|

Во Струмица изложба на мозаици од Ѓорѓи Томовски

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица утре (20 април) со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики и мозаици од авторот Ѓорѓи Томовски. Пред љубителите на ликовната уметност ќе бидат изложени 40-тина слики и мозаици создадени во изминатите неколку години.

Томовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорот Родољуб Анастасов. Учествувал на многу изложби и симпозиуми за мозаик во земјата, но и странство. Учествувал и во изработката на монументалните мозаици во Собранието на РМ чиј автир е проф. Газанфер Бајрам. Ова е негова трета самостојна изложба.



Слични Објави