| |

ВО ТЕК Е КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА 13 НОЕМВРИ

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во јуни го распиша Конкурсот за доделување на оваа награда за 2018 година.

Ги потсетуваме граѓаните дека Конкурсот е во тек и пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември 2018 година, (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк).

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Наградите се врачуваат на пригодна свеченост на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.



Слични Објави