Во тек се обуки за претседатели и заменици претседатели на избирачките одбори

/

Од денеска почнуваат дополнителните обуки и повторни обуки за сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори за користење на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе управуваат со овие уреди. Планирано е тие целосно да завршат до петок. Ова денеска го соопшти членот на ДИК Борис Кондарко на 30-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Тој ги повика сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори задолжително да дојдат на обуките, а нивните работадавачи од државната и јавната администрација да ги ослободуваат од работа за таа намена.

Кондарко информира дека ДИК обзебеди соодветен број лица за техничка поддршка за работа на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе бидат распоредени во секоја општинска изборна комисија, сразмерно на бројот на избирачките места. Дел од овие лица се обезбедени преку компанијата „Дермалог“, преку МИОА и преку јавен повик на ДИК.

-Гласачкиот материјал деновиве е целосно подготвен и веќе од денеска е почнат транспортот и дистрибуцијата на недоверливиот избирачки материјал до сите општински изборни комисии. Додека доверливиот избирачки материјал, каде спаѓаат гласачките ливчиња и избирачките списоци, кои се комплетно завршени, ДИК со обезбедување од полицијата в четврток ќе го достави до сите општински изборни комисии, каде ќе продолжи да биде обезбедуван од полицијата, рече Кондарко.

В петок, исто така со придружба и обезбедување на полицијата, ДИК ќе ги достави сите уреди за апаратите за отпечаток од прст во сите општински изборни комисии, кои и таму ќе бидат соодветно обезбедни од полицијата. Додаде дека уредите за биометриска идентификација на гласачите се комплетно подготвени и наполнети со отпечатоците од прсти на гласачите од избирачкиот список, добиени од страна на МВР.



Во рамки на 30-та седница на Државната изборна комисија (ДИК), едногласно беа одобрени барањата за добивање овластување за набљудувачи за претстојните локални избори од страна на „Ал Џезеира Балкан“ – дописништво Скопје, НВО „Цивил“, Граѓанска превенција-Превенција за време на избори, Државна изборна комисија на БИХ. Од ДИК информираат дека досега има вкупно 1.102 набљудувачи.

Членовите на ДИК едногласно одлучија вонупотреба да се стават печатите користени од избирачките одбори поради тоа што, како што рекоа, некои биле изгубени, а некои нечитливи. Тоа се печатите во ОИК Аеродром, ОИК Брвеница, ОИК Маврово-Ростуше, ОИК Кривогаштани, ОИК Ранковце и ОИК Студеничани… ДИК донесе одлука за утврдување на обликот на 183 печати со број на избирачко место, кои ги користат избирачките одбори при спроведување на гласањето. Печатите ќе се доставуваат со доверливиот материјал од четврток натаму.

На седницата беа избрани претседател и членови за вторите посебни избирачки одбори во општините каде има пријавено поголем број на заразени од КОВИД-19 или лица во самоизолација, во Велес, општина Гази Баба, Карпош, Крива Паланка, Кратово и Куманово.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Цената на струјата до Нова Година нема да се менува, а потоа…

Следна статија

Мицкоски: Заев е примитивец, Шилегов аплаудираше додека тој сексистички се обрати кон Данела Арсовска

Најново од Вести