ВО ТИМЈАНИК ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ДОМОТ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, ПОРАДИ КОЈ ГРУПА ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ

//

Во неготинското село Тимјаник денеска ќе биде отворен мал групен дом, а во него ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод во Демир Капија, јавува ТВ21. На отворањето на домот ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ и на ОН во Македонија Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на Неготино, Тони Делков и граѓански организации. Со Проектот за деинституционализација на 216-те штитеници од Специјалниот дом во Демир Капија, поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и Европската Унија, се предвидува во рок од две-три години, нивно преместување во мали домови во општини ширум Македонија, за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.





Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ТЕХНИЧКА ВЛАДА ПРЕД СЕКОИ ИЗБОРИ

Следна статија

„ФОЛКЛОРЕН МОСТ 2018“ ВО СТРУГА

Најново од Вести