Во времето на Васе Доневски чистењето и обезбедувањето на државните институции чинело 11 милиони евра
Директорот на финансиска полиција Арафат Муареми, објави дека во минатите три месеци е истражувана работата на Службата за општи и заеднички работи при Влада на РМ, за време на директорувањето на Васе Доневски.
Притоа е утврдено дека тој заедно со уште едно лице направиле злоупотреба на службена должност и ја оштетиле државата за повеќе милиони денари.
Покрај злоупотреба на службена положба овластување од страна на В.Д , се гони за соучесништво и сопственикот на Секјуриком мулти сервис Интернационал-Скопје со иницијали В.Г.
Склучен е договор за извршување на овие услуги во износ од 660.834.855, 00 денари или 11 милиони евра.
