ВОДЕНИ СКАЗНИ: ДРЕСЕРОТ НА ЗМЕЈОВИ

Истакнато Култура Магазин

Денес Вардар сон еден си сонил,
а јас во водите негови како слика го видов.
Дресерот на змејови јасно се гледа и јас почнувам да го цртам.
Дресерот донел кошница со змиички полна.
А тие јаболкото на мудроста на неуките го нудат.
Змејовите можат да се дресираат, ама туѓите не, само твоите.
Зар во мојата земја змејови за дресура има, и кој успее јунак може да стане?
Змејот во себе прво ќе го скротиш и на нозе ќе се исправиш.
Змејот достоен за тебе сам ќе дојде.
Јаболкото што змиите го нудат, ќе го пробаш,
а змејот со срцето ќе го издресираш па јунак ќе станеш.

Автор: Гордана Винчиќ

Серијата „Водени сказни“ е нов проект на ликовната уметничка Гордана Винчиќ и претставува спој меѓу цртежот и пишаниот збор. Слика и збор, збор и рефлексија од тоа што Гордана го гледа во водите на матниот Вардар. Бистра мисла и замаглени сништа, тоа ќе го видите во уметничките дела претворени во приказни и напишани со еден здив.