ВОЕНАТА ПАРАДА ВО ВАШИНГТОН ОДЛОЖЕНА ДО 2019

Вести Истакнато Свет

Американските власти одлучија да одложат воената парада која ја планираше Доналд Трамп по повод 100-годишнината од крајот на Првата светска војна. Според некои извештаи, парадата може да чини 92 милиони американски долари. Ова е повеќе од планираното, односно цената за организација на настанот е 80 милиони долари повисока од очекуваното – изјави портпаролот на Пентагон, Роберт Менинг.

Се очекуваше дека воената парада ќе помине покрај Белата куќа до Капитол Хил, и претседателот ќе ја следи од зградата на Конгресот опкружен со ветерани, вклучувајќи ги и оние на кои им биле доделени највисоките американски воени награди како – Медалот “За храброст”.

Во 2017 година, Трамп, на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, рече дека е импресиониран од Париската парада во чест на Денот на Бастилја и сака да организира такво нешто во Вашингтон.

Во САД, често пати се одржуваат цивилни паради кои вклучуваат воен персонал, но не е вообичаено да се спроведуваат големи воени паради со воена опрема.