ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ ЗА – МАКЕДОНИЈА!

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, во текот на денешниот ден се очекува да потпиша договор со францускиот прволигаш По Ортез, кој ќе биде со важност до крајот на сезоната, но со можност да биде продолжен за уште една година.

Со тоа дефинитивно ќе заврши трансфер-сагата за најдобриот македонски кошаркар, кој беше без ангажман по завршувањето на обврските кон германскиот Олденбург пред шест месеци. Ова ќе биде деветта сезона за Војдан Стојановски надвор од земјата, а воедно и деветти илуб од странство во кој ќе настапува по првото „излегување надвор“ во 2011 година. Претходно, тој играше за Напредок Крушевац, Черкаси мавпи, Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис и турски Бујукчекмеџе.

Ова е вистински момент за Војдан за почеток на нова приказна, со оглед што ќе има доволно време да се снајде во новата средина пред почетокот на решавачките мечеви за пласман во вториот дел од сезоната. Истовремено, ова е одлична вест и за македонската кошарка, бидејќи капитенот на националната селекција ќе има доволно време да се врати во препознатливата форма до квалификациите за ЕП 2021, кои за жолто-црвените почнуваат со двомечот со Естонија дома (20 фервруари) и со Русија (23 февруари).

Стојановски досега има одиграно 71 официјален натпревар за Македонија на кои постигнал вкупно 711 поени. Од него ќе се очекува да биде клучниот фактор за подобра сезона за По Ортез, кој во моментов е на 15. место во француската лига со учинок 4-9 како и последнопласиран во групата во Лигата на шампионите со скор 2-6.

Извор: Спорт1

Слични Објави