| |

ВОЗАЧ УДРИЛ ВО 80-ГОДИШНА ЖЕНА ВО СКОПЈЕ ПО ШТО ПОБЕГНАЛ

Вчера попладне во 19.15 часот полицијата добила пријава дека на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, непознато возило удрило во пешакот Н.Т. (80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Слични Објави