| |

Времето денес: облачно и студено, со повремен снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен снег со слаб интензитет особено претпладне во југозападните делови. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува и умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум степени, а дневната од минус пет до седум степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се симне до минус три, а дневната ќе достигне до пет степени.



Слични Објави