|

Времето денес сончево, во Скопје засилен ветер

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во Скопје времето денес ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната утринска температура ќе биде -3 степени колку што изнесува во Маврово, а максималната очекувана температура е околу 19 степени на југот од земјата.

Во Скопје утринската температура е 4 степени, а за дневната се очекува да достигне 17 степени.

Слични Објави