| |

ЗА 24 ЧАСА НА КЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 27 НОВИ ПАЦИЕНТИ СО КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Со ова, вкупно 459 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, по еден пациент на ОРЛ и на Клиниката за неврологија и тројца на Очната клиника.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 8 нови пациенти, додека на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 10 болни.

Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациент со симптоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 21 лице. На Клиниката за Гастроентерохепатологија има 20 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести има 141 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Слични Објави