ЗА ЕДЕН ДЕН УАПСЕНИ ПЕТМИНА ДИЛЕРИ ВО СКОПЈЕ
„Вчера во 11:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Гоце Делчев“, ги лишиле од слобода Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. Во 00.35 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ј.А.(48) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја“, информираат од МВР.
