|

Забрана за пластичните кеси од 1 јуни в година, соопшти Министерството за животна средина

Одлуката за целосна забрана за пуштањето пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјата ќе стапи во сила на 1 јуни 2024 година, а не на 1 јуни годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека во согласност со Правилникот за изменување на Правилникот за стандардите за биоразградливост, кои треба да ги исполнуваат кесите за носење стоки, начинот на пуштање пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење евиденција (‘Службен весник на РСМ’ бр. 112/23 од 31.5.2023 година) е направена измена во член 6, во став 1 и зборовите „1 јуни 2023 година“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. Оттука, забрана за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој Правилник целосно ќе биде имплементирана од 1 јуни 2024 година“, е истакнато во официјалното соопштение.

Слични Објави