Заев: Целта ни е чиста, зелена енергија, здрава животна средина и нови работни места
Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје.
Заев посочи дека новиот Закон за енергетика е целосно услогласен со ЕУ и Енергетската заедница и овозможува реализација на новата стратегија за енергетиката до 2040 година и националниот план за клима и енергија.
Истакна дека еден од основните принципи на Владата е тоа што е зацртано во стратегиите и програмите брзо да биде преточено во реални проекти и конкретни акции. Поради тоа е донесена нова легислатива и усогласена со регулативата на ЕУ како поддршка на инвестициите во фотонапонските централи и ветерниците.
– Тоа веднаш беше препознаено кај странските инвеститори кои веќе ги зваршуваат своите проекти во земјава. Ние сме земја на сонцето, но за жал во минатото тоа не било доволно користено. Но, во изминатиоте четири години се градат огромен број капацитети. Се реализираат проекти од 30 милиони евра за фотонапонски централи со вкупно 62 мегавати. Во Осломеј на стариот јагленокоп реализираме 110 мегавати волтаици, 10 мегавати само како држава, и два пати по 50 мегавати со јавно-приватно партнерство. Вкупната вредност е 67 милиони евра, а условот беше по еден вработен од мегават да преземат приватните инвеститори. Тоа значи дека 100 вработени ќе преминат во новите фотоволтаични централи. Во Богданаци, Свети Николе и Демир Капија имаме по 36 мегавати ветерници, вкупно 108 мегавати. Завршени се сите постапки и тие се во почеток на градба. На стариот аеродром во Штип со француска компанија се реализира 360 мегавати фотонапонски централи вредни 200 милиони евра. Со германска компанија во Кумановско, Крива Паланка и Старо Нагоричане се прават 415 мегавати ветерници, проект вреден 500 милиони евра, рече Заев.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: zoom.mk