Заев: Да учиме од критиките на Пендаровски

/

Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

-Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата. Неговата фунција е да биде коректив. Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напроитив, од критиките треба да учиме, истакна Заев, опдговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Инаку, Пендаровски во интервју за Алсат изјави дека да бил тој во таква ситуација веднаш ќе подлесел оставка и дека истрагата за пожарот мора да заврши што е можно поскоро.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Николовски: Заев одбива да ја испрати оставката на Филипче до Собранието

Следна статија

Шведскиот модел успешен: Без строги мерки до нула починати

Најново од Вести