| |

ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ЌЕ СИ ГИ „МЕРАТ“ НА НЕКОЈА ОД НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ

Заев ја прифатил поканата за тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа денеска го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел, кој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата“, изјави Бошњаковски.

Последниот лидерски дуел во државава се случи во 1998 година, пред речиси 20 години. Поранешниот премиер Никола Груевски упорно одбиваше да се појави на дуел со било кого од тогашната опозиција. Груевски преферираше да се појавува во емисии во кои водителите му местеа „пенали“, за да може на раат да си ги развие тезите.

 

Слични Објави