Заев им се заблагодари на граѓаните што земале учество во пописот

//

Премиерот Заев преку објава на социјалната мрежа facebook им се заблагодари на граѓаните што ја препознале важноста на пописот и земале учество во таа статистичка и државничка операција. Од објавата на Заев станува јасно дека до денеска во 18 часот се попишани повеќе од 500 илјади лица.

„Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција.До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица. Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава.Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември.Продолжуваме заедно, до успешен #Попис2021“, стои во објавата на премиерот Зоран Заев.



Претходна статија

Германскиот министер за здравство бара невакцинираните да си ги плаќаат трошоците за лекување

Следна статија

(Фото) Говор на омраза: „Јас сум во пописна комисија за Свети Николе, баш ме интересира како ќе се попишеш, к*ртон татарски “

Најново од Вести