Заев – Курти: Унапредувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Косово носи стабилност во целиот регион

Со години наназад нашите држави развиваат одлични билатерални односи и успешна соработка водена од принципите на меѓусебна поддршка и почитување. Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион и токму затоа даваме целосна поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово, воден од ЕУ и ќе поддржиме решение, кое е прифатливо за двете страни, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Албин Курти, по заедничката меѓувладина седница.

Косовскиот премиер Албин Курти, оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Северна Македонија и Косово и дека ги покриле темите на потребите на граѓаните на двете држави.

Првата заедничка меѓувладина седница, посочи Заев, е исклучително позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на нашите односи и севкупна соработка, и денеска потпишавме вкупно 11 договори, меморандуми и програми кои опфаќаат и соработка во меѓугранични проекти преку ИПА програмата на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, иновациите и технолошкиот развој, културата и туризмот.

– Таа е јасен израз на нашата политичка волја и на интересот на двете земји дополнително да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес. Денеска имавме убав и плоден ден. Нашите резултати се од интерес на граѓаните на двете држави и верувам дека во наредниот период, министрите и сите институции ќе бидат посветени на имплементација на задачите кои ги поставувме денеска. Очекувам тоа да даде импулс и за развој на соработката и во многу други полиња во иднина, изјави Заев.


Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: zoom.mk

Слични Објави