Заев: Не мислам дека цела Влада треба да поднесе оставка, Филипче доаѓа на работа додека не завршат сите постапки

/

Зоран Заев денеска по обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, зборуваше за трагедијата во ковид-болницата во Тетово.

Тој кажа дека загубата е огромна, но и дека не мисли дека целата Влада треба да си поднесе оставка.

„Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите“, рече Заев и дополни:

-Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка“, изјави Заев.

На новинарско прашање дали министерот во оставка Венко Филипче и натаму доаѓа на работа, Заев одоговори:



„Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер тие ќе ги извршуваат обврските“, рече Заев.

На крајот Заев кажа да се остават професионалците да ја завршат работата, и потоа ќе бидат дадени сите одговори околу трагедијата во Тетово.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

ДЗС тврди: Попишани 419.485 лица и 129.614 домаќинства

Следна статија

ФОТО: Откако поднесе оставка заменик министерот Хасани се врати на работа

Најново од Вести