Замрзнати цените на основните прехранбени производи

/

На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

леб;
шеќер;
брашно – тип 400;
сончогледово масло за јадење;
трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
свежо месо и сувомеснати производи;
сирење и урда
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.



извор: zoom.mk

Претходна статија

Филипче: Институтот за радиологија во Скопје добива два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla

Следна статија

Петков најави групи за економија, историја, инфраструктура, култура и човекови права меѓу Скопје и Софија

Најново од Вести