|

Занаетчиите од идната година ќе плаќаат поевтина струја

Малите занаетчии, бербери, фризери, кројачи, шивачи, автомеханичари и други мали фирми, занаетчии, од идната година ќе плаќаат поевтина струја. Директорката на Занаетчиската комора, Јелена Спасова вели дека делумно се прифатени барањата на занаетчиската комора за категоризирање од индустриска во домаќинска електрична енергија за поддршка на микро, малите занаетчии, сè додека трае кризата.

– Барањата кои се однесуваа за субвенционирање на електричната енергија кај занаетчиите, микро и малите претпријатија од индустриска во домаќинска електрична енергија сè додека трае кризата, делумно се прифатени. Занаетчиите од Нова година ќе плаќаат поевтина електрична енергија. Со новите цени најголема добивка имаат малите фирми. За нив струјата ќе биде поевтина така што наместо 17 денари за киловатчас, ќе плаќаат 13 денари. Евтината, ќе чини 10 денари за киловат. Оваа цена ќе важи за 70 илјади компании, голем дел занаетчии – изјави Спасова.

Од Комората сметаат дека ваквото намалување на цената на струјата ќе придонесе да се стабилизираат микро, малите фирми и ќе биде од голема помош да се преброди економско-енергетската криза.

– Се надеваме дека ова што го направивме за занаетчиите, барањата, средбите со Владата, со министерствата е голем успех за занаетчиска комора на Република Северна Македонија која уште еднаш докажа дека е бори и ќе се бори во иднина за најдоброто за занаетчиите – изјави Спасова.

Извор: zoom.mk



Слични Објави