|

Засега власта не најде институција одговорна за увозот на канцерогениот мазут

Владата засега не најде одговорност во државните институциите за спорниот мазут кој ја загадуваше животната средина. Од кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски кој во Владата ја водеше истрагата и најавуваше одговорност за сите кои направиле пропуст, сега велат дека сè што собрале како инфомации доставиле до Јавното обвинителство и креваат раменици за институционална одговорност.

„Владата покажа загриженост, подготвеност и решителност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на предлог на Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со Министерството за економија, се задолжија сите надлежните институции за итни, вонредени и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. По зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите“, наведоа од Кабинетот на вицепремиерот Николовски.

За разлика од Владата, невладините организации неодамна вината ја лоцираа во Царинската управа и во Државниот пазарен инспекторат, бидејќи тие се надлежни да ја проверат секоја пратка која влегува во земјава, а особено горивата. Регулаторната комисија за енергетика сè уште нема донесено одлука дали да им ги одземе или не, лиценците на четирите нафтени компании.

Од РКЕ велат дека постапката уште трае, а евентуално одлучување најавуваат за идната недела. Моментално се разгедуваат аругументите на фирмите РКМ, Супертрејд, Пертинакс од Скопје и кавадаречката Ли-Оил, а постапката за одземање лиценца беше отворена бидејќи кај нив немало оперативни резерви на мазут. Екологистите очеквуваат да се стви клуч на фирмите кои свесно загадуваат.

Извор: zoom.mk

Слични Објави