Зеленски им се заблагодари на САД за тенковите Абрамс
Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина и „се подготвуваат да ги зајакнат нашите бригади“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Благодарен сум на нашите сојузници што го исполнија договорот! Бараме нови договори и ја шириме географијата на снабдување“, рече Зеленски.
Пентагон потврди дека првата серија, која вклучува 31 тенк Абрамс, пристигнала во Украина.