|

Зеленски: Војната забавува, се’ потешко ни е да обезбедиме оружје

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека за неговата земја станува сè потешко да обезбеди оружје.

„Војната забавува. Сите процеси стануваат потешки и побавни, од санкции до испорака на оружје“, рече тој на конференција во Киев, пренесува „Ројтерс“.

Зеленски додаде дека тримесечната контраофанзива на украинските сили на југот и на истокот на земјата ќе напредува побрзо доколку армијата во Киев добие повеќе оружје.

Тој посочи дека би било особено важно украинската армија да добие помодерни борбени авиони.

Слични Објави