ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКАТА ВО ПРЕСПА, ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВОЗАЧОТ И МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ

Жена од Прилеп на возраст од 62 години загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне во 18 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен.

loading...

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од село Грначари,ресенско.

На лице место починала жената, додека возачот на „опел астрата“ кој најверојатно е сопруг на починатата и нивната малолетна сопатничка заедно со возачот на „пасатот“ со тешки повреди се пренесени во битолската болница.



loading...

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.