|

Жена падна во скопски автобус, со тешки повреди пренесена во болница

Педесет и седумгодишна скопјанка падна во автобус.

МВР објави дека несреќата се случила вчера напладне во градски приватен автобус на булеварот Партизански одреди.

„З. Љ. (57) од Скопје, додека се превезувала во него како патник, паднал. Во несреќата таа добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, велат од МВР.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Слични Објави