Жените во Берлин сега може топлес да пливаат во јавните базени
Жените во Берлин сега може да пливаат топлес во јавните базени доколку сакаат, исто како и мажите, објави Си-ен-ен.
Мерката, иако е поздравена како чекор напред кон родовата еднаквост во германската престолнина, е дел од „културата на слобода на телото“ и има корени од 19 век.
Властите во Берлин презедоа акција откога во декември 2022 година една жена рече дека ѝ е забранет влез во градскиот базен, освен ако не си ги покрие градите.
Таа поднесе жалба до омбудсманот на градското Министерство за правда, а властите се согласија дека жената е жртва на дискриминација и рекоа дека сите посетители на базените во Берлин, вклучително и жени и луѓе што се идентификуваат како небинарни, може да влезат топлес.