Жестоки критики до Мурињо: Јунајтед играше шокатно и срамно!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул отворено ја критикуваше играта на Манчестер Јунајтед против Севиља.

Манчестер Јунајтед со помош на т.н „бункер“ успеа да избегне пораз, а поради ваквиот настап на „ѓаволите“ критики испрати, Дитемар Хаман, поранешниот играч за врска на Ливерпул.

„Севиља одигра добар натпревар, на сите начини се обидуваа да постигнат гол, но Де Геа неколку пати чудесно интервенираше. Манчестер Јунајтед играше шокатно! Тоа беше анти-фудбал, а за тим кој има такви играчи и кој потроши милиони во последните години фудбалот кој го прикажа во Севиња е срамен“, изјави Хаман.

Реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Јунајтед и Севиља на програмата е на 13 март.

Извор: Sportski.mk

Слични Објави