Зидан: Јас сум виновен, ова е неприфатливо!

//

Зинедин Зидан пред натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампиони ја презеде одговорноста за лошите резултати сезонава.

Зидан истакна дека ваквата ситуација е неприфатлива за „кралскиот“ клуб, но ги заштити играчите и во целост ја презеде одговорноста.

„Ситуацијата во која се наоѓаме е неприфатлива. Оваа сезона е се поинаку и мораме да ја прифатиме реалноста. Морам да стојам позади моите фудбалери без оглед што ќе се случи, јас сум лидер и сакам да ги заштитам. Сакам да бидам покрај нив како и да играме. Ќе направам се што можам за да останам покрај нив“, изјави Зидан.

„Не гледам во иднина, туку исклучиво во сегашноста. Знам дека ова нема да трае цел живот, но нема сега да мислам за разделби. Не гледам на ПСЖ како натпрвар кој ќе ја одреди мојата иднина“.



„ПСЖ е се посилен и посилен од година во година, не сум изненаден од нивните одлични партии оваа сезона. Мбапе е исклучителен фудбалер, се гледа дека неговото време доаѓа на голема врата“, заклули Французинот.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Прванов: Договорот за името на Македонија не треба да биде во штета на Бугарија

Следна статија

Реал ќе се засилува од Манчестер Сити: Одличниот дефанзивец на лето на „Сантијаго Бернабеу“?

Најново од Вести