Златна копачка: Меси на чекор од историја, Салах се надева на чудо

Ќе бидеме ли повторно сведоци на историски момент?

Лионел Меси е на чекор од својата петта историска „Златна копачка“ и тешко дека некој може да го стигне.

Меси со голот против Реал Мадрид стигна до својот 33 гол во сезоната, додека Мохамед Салах има 31. Кога на сето тоа ќе додадеме дека Меси до крајот ќе одигра уште три натпревари во Ла Лига, а Салах една јасно е дека е скоро невозозможно Египќанецот да постигне хет-трик против Брајтон, а Меси ниту еднаш да не погоди против Виљареал, Леванте и Реал Сосиедад.

Не треба да се заборави ниту Чиро Имобиле, но тој е повреден, а тука се уште Роберт Левандовски и Хари Кејн, сепак тие се предалеку од Меси.

Иначе, Меси има прилика да стане првиот играч во историјата кој освоил пет „Златни копачки“, досега до ова достигнување стигнуваше во сезоните 2009/2010, 2011/2012, 2012/2013, 2016/2017.

Извор: Спортски



Слични Објави