ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СТЕ ЈА ИЗГУБИЛЕ БЛИСКОСТА СО ВАШИОТ ПАРТНЕР

/

Врската е комплицирана работа. Таа поминува низ секакви фази, тешкотии, среќни моменти, подеми и падови. Кај подолгите врски, овие компликации се многу поголеми поради долгиот период на соживот.

Понекогаш, оддалечувањето е корисно и здраво затоа што им помага на партнерите да не се „изгубат“ себеси во врската. Но, може да стане опасно кога оваа здрава граница е помината и тогаш работите почнуваат да одат кон лоша насока.

Кои се знаците дека сте ја изгубиле блискоста?

Имате помалку контакт со очите
Сетете се како не сте ги „откинале“ очите еден од друг на почетокот на вашата врска. Колку често го правите тоа сега? Губењето на контактот со очите и желбата да се погледне партнерот во очите е како изреката „Далеку од очите, далеку од срцето“. Обидете се да го зголемите овој контакт, да го гледате додека зборувате. На овој начин вашата комуникација ќе биде поцелосна.

Вие правите планови во кој не е вклучен вашиот партнер
Ги планирате вашите викенди со пријателите, или со вашите колеги на работа… Нема ништо лошо во ова, се додека тоа не се случува постојано и не влијае на вашата врска со вашиот партнер. Оддалечувањето во врската започнува со вакви слични видови на безопасни активности.

Правите работи заедно без интеракција
Вие гледате филм заедно без да зборувате. Вечерате тивко додека гледате телевизија. Играте видео игра и повторно не комуницирате, дури нe се ни смеете на вашите глупави грешки како порано. Ова дефинитивно е знак на скршена емоционална врска.

Не престанувате да гледате во вашиот телефон
Приврзувањето кон вашиот мобилен уред подразбира на непостоењето на желба да комуницирате со вашиот партнер. Понекогаш едноставно имате желба да се поврзете со вашите пријатели и да разговарате на секакви теми но ако ова зачестува и непрестано се случува, тогаш дефинитивно имате проблем со комуникацијата со вашиот партнер.

Се карате почесто
Љубовта ги поврзува луѓето и ги олеснува простувањата, поретко се иритираат партнерите еден со друг и меѓусебно се почитуваат. Кога емоционалната врска е нарушена, овие граници постепено се намалуваат, што доведува до чести скандали за неважни работи.

Сексот е редок
Физичката интимност е исто толку важна како и емоционалната. Повеќето луѓе не можат да имаат интимни контакти кога се лути. Но кога се веќе оддалечени секосот е последното нешто на што би се сетиле без разлика дали се налутени или не се.



Претходна статија

ТАЖНАТА ВИСТИНА ЗА МОДЕРНОТО ОПШТЕСТВО (ФОТОГРАФИИ)

Следна статија

АЛИРЕЗА БЕЈРАНВАНД БЕЗДОМНИКОТ ШТО МУ ОДБРАНИ ПЕНАЛ НА РОНАЛДО

Најново од Љубовни приказни