ЗОРАН ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА ПРАВОТО ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА
Додека не се докаже дека Катица Јанева е инволвирана во криминал јас ќе стојам позади неа. Верувам дека секој што се огрешил према државата одговара и ќе одговара. Ние покажавме дека не влијаеме на судството и судот.
На новинарско прашање, дали се слушнал со Катица јанева, Заев ги отфрли обвинувањата дека се слушнал со неа во двата телефонски разговори кои таа ги имала пред да и биде одземен телефонот.
Заев истакна дека Катица Јанева не е виновна се додека не се докаже спротивното. Премиерот додаде дека не е негова работа да коментира зошто и е одземен телефонот на Катица Јанева.