Зошто е тешко да го напуштите насилникот?

/

На зборови е лесно а практично не е… Велите, јас од утре нема повеќе да се понижувам и ќе си заминам засекогаш… за жал, не го правите тоа. И вие не сте единствените. Многу луѓе се заглавени во емоционални и ментално врзани односи. Зошто не заминете? Ќе повториме: На зборови секогаш сѐ е полесно…

1. Не сфаќате дека сте жртви на психолошко насилство
Физичкото насилство е лесно препознатливо, остава видливи знаци и секој човек може да ја посочи жртвата. Психолошкото вознемирување е поинакво и често пати луѓето не сфаќаат дека се злоупотребени на било кој начин. Во повеќето случаи „жртвите“ мислат дека го заслужуваат ужасниот став кон нив и не го гледаат тоа како нешто неправилно.

2. Социјалните стереотипи го овозможуваат насилството па дури и го сметаат за нормално
Според перцепциите на луѓето, мажот сѐ уште е доминантната фигура, и тој може да ги постави условите и да ја наметне неговата волја како посилна. Оваа искривена „патријархалност“ им наметнува на многу жени да го прифатат таквото насилно однесување за нормално.

3. Емоционалното насилство ја уништува самодовербата
Првиот знак дека сте емоционално потиснати е губењето на самодовербата. Жените или мажите на овој вид насилство честопати потполно ментално се „распаѓаат“и немаат моќ да започнат одново и да го средат сопствениот живот.



4. Насилникот знае како да заведе
Насилникот не е глупав. Кога ќе ги премине некои „граници“ и гледа дека неговата жртва е притисната во агол и може да избега, ја става „поблагата маска“ и станува „добар“. Така жртвата се смирува и престанува да се брани. Без да сфатат овие луѓе целото време се вртат во еден лош маѓепсан круг.

5. Тие се чувствуваат одговорни за постапките на другиот
Насилникот успева да предизвика чувство на вина кај жртвата, и послабата особа секогаш „е одговорна“ за она што се случува со неа. Додека насилникот обвинува, жртвата не гледа ништо лошо во тоа однесување.

6. Лажна надеж
Жртвите често мислат дека нештата следниот пат ќе бидат подобри и дека ако го истрпат понижувањето и малтретирањето, тогаш самите тие ќе станат подобри личности. За жал, оваа надеж е лажна и ниту нештата ниту пак тие самите ќе достигнат промена која ќе го подобри нивниот живот.

Претходна статија

Прекрасна куќа на дрво (ГАЛЕРИЈА)

Следна статија

Кафе, казни за превисока брзина и heavy metal… 5 работи карактеристични за Финска

Најново од Љубовни приказни