Зошто најдобриот секс e во 30-тите години?

/

Немојте да се жалите за вашата „изгубена младост“, односно ако сте ги поминале 20-тите години.

Животот во 30-тите години е убав и полн со неверојатни искуства. Всушност, има многу работи кои се подобри од времиња кога сѐ уште не сте биле влезени во возрасниот свет. И една од нив е сексот…

Причините:

1. Напрегнатоста се намалува
Се разбира дека сакате да дадете и да уживате во задоволство. Но, сепак не се трудите да се докажувате. Вие се чувствувате добро во вашата кожа и не се грижите толку многу за вашата сексуална изведба.

2. Подобро го разбирате вашето тело
Свесни сте кои пози ви донесуваат најголемо задоволство како и кои се вашите ерогени зони и што ве возбудува.



3. Квалитет пред квантитет
Ова би требало да биде вашето мото и во претходната деценија, но веројатно тогаш сте се фокусирале на стекнување искуство со различни партнери. Сега немате ништо што би пропуштиле и слободно можете да кажете НЕ ако мислите дека нема да го добиете саканото задоволство.

4. Крај на бесмислениот секс
Во 30-те години луѓето се повеќе размислуваат за семејство и почнуваат да гледаат на сексот не само како на средство за задоволство за една вечер туку и за доживување со цел – т. е. зачнување.

5. Умеете отворено да комуницирате
Сега сте посигурни, знаете што сакате, го познавате вашето тело и лесно можете да отидете кај вашиот партнер во случај да имате потреба од сексуално задоволство.

Претходна статија

Многу убави фризури со плетенки (ГАЛЕРИЈА)

Следна статија

Kreator / Vader и Dagoba во Скопје!

Најново од Љубовни приказни