ЗОШТО НЕМА БОМБИ ЗА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ПРАША АХМЕТИ?

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во ретко емо тивен говор одржан на изборот на претседател на сарајскиот огранок зборуваше за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека.

Ахмети зборуваше за селективната правда, која, според него, се случува во Македонија. Според него македонските партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го девалвирале целиот процес, и затоа бара веднаш ветинг, пренесува ТВ21.

Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не пасе трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда.

Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто, рече Ахмети, пренесува ТВ21.