Звезда го уништи Партизан за место на Евролига турнирот

Јуниорската екипа на црвено-белите 8 години по ред го освојува квалификацискиот турнир во српскиот главен град, од кој што се обезбедува учество на елитната Фајнал 8 завршница на Евролига.

Во финалето, совладан беше најголемиот ривал со 90:59. На Партизан не му помогна ниту засилувањето од А тимот, Марко Пецарски кој што постигна 10 поени со 11 скока.

Црвена звезда е во серија од 35 победи, од 2011-та година на овој ист турнир. Пауновиќ постигна 26 поени, Томашевиќ имаше 18, Радаковиќ реализира 12.

Партизан трет пат губи од Звезда во финалето на квалификаискиот турнир, по 2012-та и 2015-та. Завршницата ќе се игра во Белград, од 17-ти до 20-ти мај.

Извор: Basketball.mk

Слични Објави