Р. РАДЕВ: НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ЈА ПОДДРЖУВАМЕ МАКЕДОНИЈА, НО ОДНОСОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ИСКРЕН
Наша должност е да ја поддржуваме Македонија, но не безусловно и безрезервно, истакна бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство којашто се одржа во Софија.
Според Радев Договорот за добрососедство ја отклучил вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. а Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Македонија, но односот треба да бидеме искрен и јасно да се постават бугарските црвени линии, вели Радев.
Бугарскиот претседател додава дека има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што ги оддалечува Бугарија и Македонија.
Румен Радев најави дека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија.

