ЃОРЃИ СПАСОВ ВО ОДБРАНА НА ШЕКЕРИНСКА ЗА СЛИКАТА СО УЧК: НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ

„И ова е фотографија од посетата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на касарната во Кичево. Тоа што при посетата на градоначалникот на Кичево од ДУИ Фатмир Бехари не обрнала внимание на иконографијата од неговата канцеларија пред која се фотографила е грешка, но не е и крај на светот. Градоначалниците од ДУИ се градоначалници на сите граѓани во своите општини и треба во нивните службени простории да бидат застапени државните симболи но и симболи од другите етнички заедници. Особено кога примаат министри од владата со кои се фотографираат треба да покажат почитување кон државните симболи и да не дозволат еден пријателски гест на министер да го злоупотребат преку една фотографија за можно иритирање на јавноста со прикажување дека во канцеларијата на градоначалникот има место само за симболот на УЧК и за албанското национално знаме.
Со тоа не им расте угледот туку само демонстрираат способност за подметнување и за злупотреба на толеранцијата на гости кои ги посетиле да им укажат чест.
Сите други обвинувања кон Шеќеринска од видот за “ново национално предавство” се целосно бесмислени„ напиша на facebook поранешниот висок функционер на СДСМ, Ѓорѓи Спасов.