ГИ ОЧЕКУВАМЕ ЗАВРШНИТЕ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА „РЕКЕТ“
Поранешната специјална обвинителка и обвинета во случајот „Рекет”, Катица Јанева, денеска во Кривичниот суд треба да ги даде своите завршни зборови за овој судски предмет.
Освен Јанева, завршни зборови треба да дадат и нејзините бранители.
Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.
