И пред и по Извештајот: Нема изненадување
Ивон Величковски Неискрени се изблиците на “разочараност” дека Црна Гора, Албанија, Молдова и Украина се пред нас во ЕУ-интеграциите. Отпорот кон реформите во (право)судството, отворањето на досиејата на поранешните служби, новиот Кривичен законик… е отпор кон слободата на (право)судството и – со тоа – кон владеењето на правото. Без владеење на правото останува буџетско-командното стопанство…
