| |

ЕУ не сака да ги интегрира корумпираните влади од Западниот Балкан, а не државите во регионот

Ивон Величковски

Вицепремиерот Николовски:

– 2018: “Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ”.

– 2024: “Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ”

– јуни 2026: “ЕУ ги лаже земјите од регионот, никој нема да стане член бидејќи Унијата не е подготвена за проширување”.

Оваа тема сега се задолжени да ја разработуваат мегафоните на договорот Мицкоски/Груевски+Силјановска-Давкова со Филипче/Заев + Пендаровски.

Бидејќи – не можејќи да се потпишат на писмото на Вучиќ и Рама – мораше да испратат “писмо за добродојде” пред посетата на Кошта преку вицепремиерот Николовски.

Рама опстојува поради легитимитетот од Бериша во Албанија, Вучиќ поради легитимитетот од Ѓилас во Србија и Мицкоски поради легитимитетот од Филипче во Северна Македонија.

Затоа Црна Гора се поизвесно ги комплетира преговорите, Албанија “врие” како што наближува кон членството и нејзините власти се под притисок на владеењето на правото, а преговорите се отвораат со Украина и Молдова.

Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што Брисел повеќе се грижи за македонскиот народ и граѓаните на Северна Македонија одошто Скопје се грижи на пр. за Кочани.

Затоа тие се подеднакво под изолација:

– средбите на Силјановска-Давкова се еднакво ретки како оние на Пендаровски по игнорантскиот однос кон самитите во Франција и Полска,

– Мицкоски по локалните избори отворено е сведен на средби за пораки од ЕПП-пријателите, исто како Заев откако се обиде Преспанскиот договор и членството во НАТО да ги употреби за градење свој бизнис-систем,

– Стопанската комора не може да го испере “спонзорството” на моноетничките економско-партиски средби од 2022/23 ниту со “повик за обединување со Албанија”.

Гаранции за македонскиот народен идентитет и идентитетот на нацијата на Северна Македонија се дадени во самата Преговарачка рамка.

Но ЕУ никогаш нема да даде гаранции за идентитет заснован на корумпираните власти и нивните партии кои постојат за да определат за кого да гласате – по нивна листа на подобни.

Ова е најголемата инвестиција на Европа во ослободување на македонскиот народ и македонскиот идентитет: од наметнатата власт на десетина семејства и поранешниот систем што живее низ неа.



Слични Објави